Зошто да одбереш кариера во IT?
Дефицитот на IT кадар глобално и локално постојано се зголемува. По COVID-19 кризата, дигиталните вештини добиваат сѐ поголемо значење.
Целта на бесплатните обуки е да ти помогнат во преквалификација или доквалификација за едни од најбараните IT професии на иднината, стекнување на меѓународно признати сертификати и титули и почеток на кариера во IT индустријата.
По одржувањето на обуките, Кариерниот центар на Семос Едукација се става во служба на поврзување на кандидатите со компаниите - соработници и посредува при пракса или вработување.
ПОБРЗАЈ!
Обезбеди ја својата иднина денес - Пријави се и добиј насоки како да го резервираш своето место за посета на еден од пакетите БЕСПЛАТНИ IT обуки кои ги доделува АВРСМ.
Бројот на местата е ограничен и се пополнуваат многу брзо!
ПРИЈАВИ СЕБЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Пријави се и учи според официјалните програми на најпознатите светски IT брендови:
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 4.1 Обуки за напредни ИТ вештини финансирана од Буџетот Агенција за вработување на Република Северна Македонија, се објави ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до невработени лица за мерката 4.1 Обуки за напредни ИТ вештини.
Доколку си невработено лице – Активен барател на работа, евидентиран во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), те охрабруваме да се пријавиш за посета на еден од понудените модуларни програмски пакети.
ЧЕКОР 1
Кој може да аплицира за обука?
Невработени лица до 40 години, евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование.
Провери дали си барател на работа во АВРСМ, на следниот линк.
Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учествуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидатите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.
ЧЕКОР 2
Избор на професија
Можеш да одбереш една од професиите кои во светот се најголем хит и за кои во моментов постои најголема побарувачка:
Вкупно се предвидени 535 кандидати да завршат со обуки
од 11-те модуларни програмски пакети.
Доколку имаш дополнителни прашања поврзани со обуките, Семос Едукација ти стои на располагање за дополнителни
информации. Сѐ што треба да направиш е да ја пополниш формата и нашиот тим ќе те контактира во најбрз можен
период.
ЧЕКОР 3
ПРИЈАВА
Ќе биде потребно да поднесеш пријава во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
(АВРСМ), во центарот за вработување во твојот град, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица.
Повеќе информации за пријавувањето, можеш да добиеш од вработените во АВРСМ или на контакт телефоните
како и на e-mail
ЧЕКОР 4
ТЕСТИРАЊЕ
Семос Едукација ќе спроведе претходна проверка на твоето ниво на предзнаење. Конечната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.
Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, согласно принципот “Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19” предност ќе имаат кандидатите на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот, доколку во рамките на тој избор има лица жени согласно “Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот” предност ќе имаат невработените жени. Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.
ЧЕКОР 5
СЛЕДЕЊЕ НА ОБУКА
Обуките од еден модуларен програмски пакет ќе се реализираат на македонски јазик во период од 4 (четири) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи. На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит/испити.
Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3 (три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитиран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.
На лицата кои редовно посетувале обука, односно присуствувале на најмалку 70% од часовите, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за редовно посетувана обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот/испитите ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.
ЧЕКОР 6
КАРИЕРА И ВРАБОТУВАЊЕ
По следењето на обуките, Кариерниот центар на Семос Едукација се става во твоја служба и ќе те поврзе со компаниите - соработници и ќе посредува при пракса или вработување.
Контакт