Python се користи во различни сценарија за програмирање, од игри до веб апликации. Компаниите го користат Python со цел да ги поместат границите на новите технологии, како што се Data Science, Data Analytics, Вештачка Интелигенција, Natural Language Processing. Улогата на Python developer во ерата на брзиот технолошки развој, станува се позначителна.
Python стана еден од најпопуларните програмски јазици, познат по својата едноставност, разновидност и читливост. Програмерите во Python придонесуваат во различни аспекти на дигиталниот свет и нивната улога е од витално значење.
Програмерите на Python стануваат суштински членови во тимовите кои придонесуваат во различни аспекти од развојот и креирањето на одреден софтвер. Нивната разновидност им овозможува да работат во различни домени, од развој на веб до наука за податоци, креирање на апликации и пошироко.
Предвиден број на слушатели на пакетот: 50
За да се влезе во светот на Python програмирањето и да се биде Python Developer, потребно е да се поминат обуките:
Име на курс | Број на часови |
---|---|
Python - Основно ниво | 30 |
Python - Напредно ниво | 30 |
Работа на реален проект | 18 |
Scrum Master | 20 |
Планирање и развој на кариера | 9 |
CertNexus Generative AI | 8 |
Полагање на официјален испит Certified Entry-Level Python Programmer Certification(PCEP) |
Работни позиции
Python програмер
Програмер за вештачка интелигенција
Програмер за машинско учење
Индустрии
Осигурување | Воздухопловство | Финансии | Хардвер | Здравство | Консултантски услуги | ИТ индустрија | Софтвер