Сите индустрии имаат сериозен предизвик во пронаоѓањето на вистинските луѓе на вистински работни места во вистинско време. Поради ова една организација мора да биде многу внимателна при вработувањето на луѓе. Ова е лесно да се каже, но треба многу работа, знаење и внимание за соодветно да го реализираме процесот на регрутација и селекција на кадар.
Имајќи го во предвид, значењето на оваа позиција за една компанија и одговорностите на еден Регрутер, од една страна и недостатокот на квалитетни луѓе на пазарот на труд за оваа позиција, од друга страна, потребна е соодветна едукација која ќе може да одговори на барањата за ваков кадар од страна на компаниите.
Во рамки на позицијата Регрутерот е одговорен за: комуникација со Раководителите на департмани во компанијата со цел утврдување на потребите за нови кадри; пронаоѓање на соодветни кандидати; спроведување на соодветен процес на регрутирација: реализација на пред-селекција и финална селекција на кандидати; спроведување интервјуа, статусот на проектите и нивната реализација; континуирана комуникација со клиентите во процесот на селекција и споделување на потребните информации од селекцијата; понуда за работа и фидбек; интеграција на новиот вработен (Онбординг).
Предвиден број на слушатели на пакетот: 50
* Кандидатот мора да има завршено високо образование.
За да се стане Регрутер треба да се поминат следните модули од пакетот Регрутер:
Име на курс | Број на часови |
---|---|
Вовед во дигитални канали за пребарување на таленти | 9 |
Пребарување и таргетирање кандидати на социјалните медиуми | 12 |
Комуникација и контактирање на пасивни кандидати | 12 |
Брендинг на компанијата и личен брендинг | 20 |
Интервјуа и тестирања | 24 |
Понуда за работа и фидбек | 12 |
Интеграција на новиот вработен (Онбординг) | 20 |
Работни позиции
Регрутер/ Headhunter
...
Индустрии
Сите индустрии